Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Фон дер Лајен за американските царини: Ќе ги заштитиме нашите работници, бизниси и потрошувачи

Длабоко жалам поради одлуката на САД да воведат царини за европскиот извоз…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Длабоко жалам поради одлуката на САД да воведат царини за европскиот извоз на челик и алуминиум, објави претпладнево на Икс претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„ЕУ ќе дејствува за да ги заштити своите економски интереси. Ќе ги заштитиме нашите работници, бизниси и потрошувачи“, наведе Фон дер Лајен во реакција на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 25 отсто на увозот на челик и алуминиум во САД.

Таа додаде дека царините се даноци, кои се лоши за бизнисот, полошо за потрошувачите и на кои ЕУ ќе одговори.

Реклама

„Неоправданите царини кон ЕУ нема да останат без одговор – тие ќе предизвикаат цврсти и пропорционални контрамерки“, потенцира Фон дер Лајен во објавата.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, претходно најави дека ако САД воведат царини и не и остават на ЕУ „друг избор“, тогаш „Унија ќе реагира обединето“.

„На крајот, трговските војни секогаш ги чинат двете страни просперитет“, додаде Шолц.

Трамп објави дека од утре ќе воведе царини од 25 отсто на увозот на челик и алуминиум.

„Утврдив дека увозот на челични производи се заканува да ја наруши националната безбедност и решив дека е неопходно да се прекинат овие аранжмани од 12 март 2025 година“, наведе Трамп во извршната наредба.