Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Aндоновски: Важно е како ќе одговорат институциите на хибридните напади, а нив ќе ги има

Работна група од експерти од министерствата за дигитална трансформација, образование и внатрешни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работна група од експерти од министерствата за дигитална трансформација, образование и внатрешни работи активно  ќе ја следи состојбата со хибридните напади и дојави за поставени бомби во училиштата ширум државава. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски потврди дека групата веќе има развиено методологија што ќе даде резултат долг рок.

„Работна група која што ги разгледа проблемите со кои се соочува системот, начините со кој може да се заштити, но изработени се и методологии кои треба да се следат поради превентива на подолг рок“, изјави Андоновски

За последните дојави за бомби, според Андоновски од клучно значење била брзата  и координирана реакција на институциите, но истакна дека министерството за дигиталзиација ќе продолжи да работи на подобрување на постоечките но и развивање на нови механизми за справување со хибридните напади.

Реклама

„Постапувањето на министерството за образование, МВР и општините брзо и ефикасно делуваа и проблемот за рекордно време беше надминат, но се работи на причините за дојавите. Ние како министерство стоиме на располагање за идни соработки“, изјави Андоновски.  

Реакцијата и итните мерки од страна на надлежните доаѓа откако минатиот петок беа регистрирани околу 120 дојави за поставени бомби во училиштата. Во истрагата со хибридните напади работат Бирото за јавна безбедност, Меѓународната организација за криминалистичка полиција, Интерпол и Агенцијата за криминалистичко разузнавање на Европската Унија. Само последните 3 години во земјава се регистрирани повеќе од 1200 дојави за лажни бомби.