Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Андоновски: Хибридни напади ќе има, важно е како институциите одговараат

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека се хрибридни закани пораките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека се хрибридни закани пораките по електронски пат што во петокот ги добија училиштата со предупредувања за поставени експлозивни направи, за кои се утврди дека се лажни дојави по проверките од полицијата.

„Разликата од претходно е што веднаш, уште утрото, се слушнавме со министерката (за образование), организиравме со министерот за внатрешни работи една ад хок работна група која ги разгледа проблемите со кои се соочува системот, развивме неколку методологии коишто треба да се следат во наредниот период за превентива на подолг рок“, изјави Андоновски при посетата на ОУ „Димитар Македонски“ по повод одбележување на Денот на безбеден интернет.

Посочи дека МВР, МОН и општините постапиле „многу соодветно во текот на денот“, дека биле решени последиците и оти сега се работи и на причините „зошто ова ни се случува“.

Реклама

„Хибридни напади ќе има, напади на нашата сајбер инфраструктура ќе продолжат, но многу е важно како институциите одговараат, а сега одговараат системски и во соработка едни со други. Стоиме на располагање да му помагаме на Министерството за образование и наука и на сите други институции ако и понатаму се појават вакви проблеми“, рече Андоновски одговарајќи на новинарски прашања.