Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Почина Игор Југ, еден од осудените за настаните од „27 април“

Македонија изгуби голем Македонец и патриот, почина Игор Југ, еден од осудените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија изгуби голем Македонец и патриот, почина Игор Југ, еден од осудените за настаните од „27 април“ во 2017 година во Собранието. Осум години Игор Југ ги помина во затвор, но изминатиот период, бил на прекин од издржување на затворската казна поради нарушено здравје. Југ починал дома, со семејството го прославиле роденот на ќерката, му се слошило, а брзата помош констатирала срцев удар.

Игор Југ беше осуден на 12-години затвор. Неговата смрт остава траен белег во јавноста, посебно поради улогата во настаните од 27 април и неговите тврдења за неправедно судење. Игор е првата жртва на овој трул систем, кој нè намести да лежиме на правдина во затвори со тешки маки и тортури кои ги преживувавме секој ден последниве 8 години, напиша Јане Ченто, по прераната смрт на Југ, со кого заедно лежеа во затвор осудени како терористи.

„Многу пати сум зборувал со него дека не можат да не разберат надвор низ што се поминуваме и каков пекол ни ги направија животи. Ние бевме цврсти пред надворешниот свет, но душата ни знае како се чувствувавме внатрешно. Игор е жртва на системот и тоа не смее да остане неказнето, тоа му го должиме и него и на неговото семејство. Оние што го направија ова имаат име и презиме и мора да одговараат!“ напиша Јане Ченто

Реклама

„Почивај во мир Игор… Не дочека синот да го видиш, не дочека слобода… не изедоа по затвори!“ напиша Горан Ангелов-Ќосето

„Чесен и исклучителен патриот, едноставен, директен и правдољубив, таков те запознав во мојот живот и таков ќе останеш засекогаш“ напиша Митко Чавков, поранешен директор на БЈБ

Изминатиот период Игор Југ бараше повторување на судската постапка тврдејќи дека пресудите се неправедни и дека никој од осудените не е терорист ниту, пак, дека сторил терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата. Од Основниот кривичен суд Скопје денеска соопштија дека не е доставено какво било барање од осудениот или неговиот бранител за повторување на постапката.

Давид Крстевски