Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Свет

Орбан: Унгарија во преговори со Америка, целта е да се постигне добар договор

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека претстојат „тешки месеци“ за Европската унија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека претстојат „тешки месеци“ за Европската унија, но дека неговата земја е подготвена за враќањето на американскиот претседател Доналд Трамп и дека тековните преговори со новата американска администрација се во тек.

-Подготвени сме за враќање на претседателот Трамп и сме во преговори со Америка за да постигнеме добар договор, рече Орбан во објава на Фејсбук.

Говорејќи за првиот самит на ЕУ по инаугурацијата на Трамп, кој се одржа во Брисел, Орбан рече дека тоа е „чудна средба“ и дека повеќето во Брисел мислат дека можат „да го избегнат Трамп“, но тоа, како што истакна, „не можно.”

Реклама

Орбан истакна дека Трамп „го сврте светот наопаку“ преку мерките што ги презеде во првите денови од неговиот мандат, нагласувајќи дека во САД веќе нема „панично разгледување на родовите прашања“, финансирање на организации поддржани од Џорџ Сорос, ниту поддршка за илегалната миграција или војната меѓу Русија и Украина.

-Сите обиди што бирократите од Брисел се обидоа да ни ги наметнат во последните години завршија, рече Орбан, додавајќи дека правилата на светската трговија ќе бидат променети и дека Трамп ќе ги штити интересите на Америка, дури и на штета на Европа.

Орбан истакна дека е неопходно да се постигне договор за да се зачуваат економските врски со Америка, додавајќи дека добар договор може да се постигне само меѓу оние кои меѓусебно се почитуваат.