Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

СЗО предлага помал буџет по повлекувањето на САД

Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) ќе разговараат за намалување на дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) ќе разговараат за намалување на дел од нејзиниот буџет за 400 милиони долари, откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги повлече САД, најголемиот донатор на СЗО, од агенцијата, се наведува во документот објавен денеска.

Отворајќи го годишниот состанок на извршниот одбор на агенцијата, генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус ја бранеше работата на агенцијата и неодамнешните реформи и го повтори повикот до САД да го преиспитаат своето излегување и да стапат во дијалог со СЗО за натамошни реформи.

-Би ги поздравиле предлозите од САД и од сите земји-членки за тоа како можеме подобро да ви служиме вам и на луѓето во светот, рече тој.

Реклама

За намалувањето на буџетот ќе се разговара на состанокот во Женева од денеска до 11 февруари, а претставниците на земјите членки ќе разговараат и за финансирањето и работата на агенцијата за периодот од 2026 до 2027 година. Извршниот одбор предлага да се намали дел од буџетот за основните програми од предложените 5,3 на 4,9 милијарди долари, се наведува во документот.

Тоа е дел од поширок буџет од 7,5 милијарди долари за периодот 2026-2027 година, што беше првично предложен, а вклучува пари за искоренување на полио и решавање на кризи. Поради заминувањето на најголемиот финансиер, буџетот не можеше да се донесе „како и обично“, се наведува во документот.

САД се најголемиот донатор на СЗО меѓу земјите, со околу 18 отсто од вкупното финансирање. СЗО веќе одделно презеде некои чекори за намалување на трошоците по потегот на САД.

Меѓутоа, некои претставници на одборот сакаа да испратат порака дека СЗО ќе ја задржи својата стратешка насока и покрај предизвиците, се додава во документот. Тие 4,9 милијарди долари се приближно исто како и основниот програмски буџет за претходниот период од 2024 до 2025 година.

Трамп одлучи да ги повлече САД од СЗО на неговиот прв ден на функцијата пред две недели. Процесот ќе трае една година според американскиот закон.