Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Васил Јованов телефонот го набавил од притвореник, платен е надвор од затворот, пренесен во кутија со колачи

Добро спакуван во кутија од колачи од една затворска соба, мобилниот телефон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добро спакуван во кутија од колачи од една затворска соба, мобилниот телефон стигнал до Васил Јованов – возачот кој ја усмрти 22 годишната Фросина Кулакова. Додека шетал во дворот, притвореник од Гевгелија побарал пари за да ја прати кутијата со колачи во соседната ќелија, а внатре да стави и мобилен, со кој Јованов се јавувал кај неговите родители и девојка му.  

Според собраните информации досега истрагата, покажала дека затворскиот чувар воопшто и не знаел дека внатре има телефон, па кутијата со благо ја однел во ќелијата во која бил и Јованов, вели во изјава за Алфа, директорот на Шутка, Бубан Утковски.

  • „Затворскиот полицаец X.A. кој бил распореден во ходникот Д, го замолува да достави благо во друга соба, односно во собата во која е сместен В.Ј. при тоа не посочува ниту едно лице каде што е и посочениот, за да не се посомнева затворскиот полицаец. Претходно, затворениците во собата каде е В.Ј. тропаат на врата и бараат благо бидејќи на еден затвореник му се слошило и му паднал шеќерот “вели Бобан Утковски – Директор на Затворот „Скопје“.

Парите за телефонот, биле предадени од роднини на Јованов на брат му на  притвореникот кој ја смислил как да му обезбеди мобилен. Во меѓувреме, друг од притворското одделение во Шутка го сликал Јованов преку прозор и фотографиите ги споделил со другари од надвор, па така беа и јавно објавени.

Реклама
  • „Притвореното лице се јавува на член на неговото семејство, за да однесе пари кај лицето В.Б. кој е брат на притворениот И.Б. Направен е претрес, телефонот е одземен, а притворените лица се разместени во различни крила во притворот“вели Бобан Утковски – Директор на Затворот „Скопје“.

Сите кои учествувале се разместени во различни крила во Шутка, а истрага продолжува вели Утковски, која меѓу другото треба да покаже како телефонот воопшто се нашол внатре во ќелиите, со оглед на тоа дека секој поминува низ скенер пред да влезе во притворот.

И од Обвинителството за организиран криминал, велат дека ги следат случувањата во затворот и ќе постапат откако ќе ги добијат потребните извештаи.

Претходно, директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов најави дека започнуваат „војна против корумпираните службеници во затворите, ќе има најстроги казни и бркање од работа за виновниците“.

Семејството на Фросина му се заблагодари на Пандов за брзата рекација.

  • „Како семејство се чувствуваме должни да изразиме јавно благодарност што ни ја враќаш вербата дека државата конечно ќе почне да функционира, односно дека веќе функционира. Дека злосторниците, убијците ќе го добијат третманот кој им следи, со што ни дава верба дека и судскиот епилог и казните кои ќе ги добијат, ќе бидат адекватни. Уште еднаш огромна благодарност до тебе, до директорот на Шутка и до целиот твој тим – од цело семејство, пријатели и колеги на Фросинче“, напиша нејзиниот татко.

Јованов доби притвор поради опасност од бегство, повторување на делото и влијание во постапката. Тој преку неговиот адвокат се противел и барал да се брани од слобода или судот да му досуди алтернативни мерки како домашен притвор или одземање на пасош, но судот не прифатил. Според обвинителството, кое води истрага за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова, возачот бил под дејство на алкохол и без возачка кога ја прегази Фросина на пешачки премин.