Реклама
Прилози

Малчевски за Алфа: Нечовечки од СДСМ е трагедијата на младата Фросина Кулакова да ја злоупотребува во политички контекст

Политизирањето на трагедијата во која животот го загуби младата Фросина Кулакова, покажува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политизирањето на трагедијата во која животот го загуби младата Фросина Кулакова, покажува дека СДСМ се плаши од реформи во правосудството и од одговорност за можните криминали сторени минативе седум години, додека со ДУИ ја делеа власта. Според познавачите состојбите и корупцијата во судството и Обвинителството се причина што сега притворениот Васил Јованов до пред неколку дена, иако со пресуда да биде во поправен дом, од притвор бил пуштен на слобода. Универзитетскиот професор Самоил Малчевски за Алфа, дека целта на социјдемократите со злоупотреба на овој случај не е само собирање на политички поени, туку и цел да не одговараат за сторените криминали.

-СДСМ се обидува на овој начин да избегне од темата одговорност на обвинителско судскиот систем во Република Македонија. Очигледно е дека исплашени од најавите на Мицкоски дека ќе има одговорност, дека се документираат многу нелегални активности додека они биле на власт и свесно се обидуваат да ја дефокусираат јавноста од она што сите ние со години го зборуваме, а тоа е реформа на правосудниот систем во Република Македонија, изјави Малчевски

Откако Васил Јованов во Шутка беше фотографиран со мобилен телефон, затворските служби веднаш реагираа и му го одземаа. Сепак СДСМ решија да го политизираат овој случај, барајќи ја вината кај министерот за внатрешни работи, иако затворите воопшто не се под ингеренција на МВР. Според Панче Тошковски, општи познавања во овој дел е најмалку може да се очекува од политичари кои седум години управувале со институциите, а тоа е да знаат дека затворите се под надлежност на Управата за извршување санкции која е орган во состав на Министерството за правда.

Реклама

-Суштината не е во „незнаењето“, туку во нешто многу полошо, а тоа е намерна злоупотреба на една трагедија за собирање на евтини политички поени. Наместо да покажат минимум човечност и емпатија, тие избраа да водат некрофилска кампања, со која на најмизерен начин се обидуваат политички да профитираат од туѓа несреќа, порача Тошковски.

Покрај тоа што тезите им паднаа во вода во многу краток период, според Малчевски срамно е една партија ваков нешто да користи со цел политички бенефит.

-Според мене нечовечки е да се обидува една ваква трагедија да се става во политички контекст. Поготово што ние гледаме дека СДСМ упорно ги промашува тезите, се што кажува во јавност за неколку саати или неколку минути им се побива. СДСМ не е политичка партија од вчера, таму нема политичари кои што вчера се појавиле на политичката сцена. Секој кој што малку подолго се бави со политика знае дека затворите се под надлежност на Управата за санкции, која што е директно под Министерство за правда, изјави Малчевски.

Претходно од семејството на трагично загинатата Фросина Кулакова побараа од сите субјекти овој случај да не се политизира, барање кое сепак не беше послушано од опозициската СДСМ.

Матеја Петровски