Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Во тек е голема меѓународна полициска акција за откривање фалсификувани пари

Си набавиле печатница за евра и долари, и ги книжеле како да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Си набавиле печатница за евра и долари, и ги книжеле како да се Народна банка. Добро организирана група од Балканот, се здружиле со единствена цел – да ги пуштаат во оптег на пазарот лажните банкноти,а  со тоа да се збогатат. Но полицијата им ја растури мрежата заедно со Интерпол – сузбиена е поголема меѓународна криминална мрежа која делувала во повеќе држави. Според информации на Алфа, уапсени досега се најмалку шестмина криминалци, кои биле фатени на српска територија односно во градовите Нови Пазар, Нови Сад, Сомбор и Суботица. Според наши информации пронајдена е домашна печатница, а запленети се и фалсификувани евра и долари.

Уапсени се: И.Ж.П од Суботица, И.И.П.(1999) од Суботица, 3.А.Б (1955) од Нови Пазар, С.Н (1962) од Нови Сад, С. О. (1985) од Нови Сад, З.Н. (1978) од Бачки Моноштор, општина Сомбор. При приведувањето на лицето била пронајдена поголема количина фалсификувани пари, велат нашите извори.

Покрај зголемено присуство на македонски полициски службеници забележани се и полициски службеници кои носат амблеми на ЕВРОПОЛ или ИНТЕРПОЛ кои меѓусебно ги координираат активностите со своите колеги од Македонија.

Реклама

Во тек се претреси на повеќе локации, а надлежните институции најавија повеќе информации во текот на денот.