Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Прилози

Корупцијата во македонските затвори е горлив проблем, кој трае со години ќе треба време за да има ефект од неопходните реформи

Чуварите, стражарите, раководството или осудениците, кој владее со затворскиот систем во Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Чуварите, стражарите, раководството или осудениците, кој владее со затворскиот систем во Македонија што години наназад тоне во корупција. Гневната јавност бара одговори на ова прашање откако Васил Јованов, 20 годишникот што ја усмрти младата дизајнерка на пешачкиот премин кај Универзална сала, успеал во притвор да си обезбеди мобилен телефон.

Корените на длабоката корупција во затворите ширум Македонија е децениски проблем, а ниту една промена на власт не успеа да ја искорени. Општо познато е дека сите притвореници, па и осудени лица во Шутка имаат мобилни телефони. Новодојдените ги набавуваат од чуварите или од затворениците со подолг стаж.

Поранешниот началник во МВР Љубомир Ѓурчевски вели дека потребни се итни реформи на затворскиот систем во Македонија, а треба да се почне од најдолу, од корумпираните чувари и затворениците на кои им цути бизнисот зад решетки.

Реклама

Покрај истражниот затвор во Шутка и за озогласеното Игризово во јавноста се говори за ланец од подмитливи чувари. Алфа досега има објавено и сведоштва на затвореници кои преживуваат рекет и уцени од затворски стражари. Јанко Јаневски е еден од нив. Тој не верувајќи во системот се одлучи јавно да говори за пеколот што го преживува.

По ова, обвинителката Лиле Стефанова од Организиран криминал се заинтересира за случајот и ги повика инволвираните на сослушување, но откако отиде во Вишото обвинителство, нема никакви информации дали имало или не корупција кај чуварите од Идризово.

Инаку, во последниот извештај на Комитетот за превенција од тортура на Советот на Европа се зборува за физичко злоставување на персоналот врз затворениците, пренатрупаност и корупција што го поткопува функционирањето на затворот, а затворениците се држат во нехумани услови.

Со доагаѓето на новата власт и поставувањето на новиот директор на затворот во Шутка, досега се направени повеќе претреси како и вонредни инспекциски надзори од страна на  Управата за извршување санкции. Во повеќе наврати беа запленети мобилни телефони, дрога и недозволени предмети.