Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

ЕК подготвува нова регулативи за враќање на мигрантите и за визите

Еврокомесарот за внатрешни работи и миграцијата Магнус Брунер работи на подготовка на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еврокомесарот за внатрешни работи и миграцијата Магнус Брунер работи на подготовка на нова директива за враќање на мигрантите и на нова стратегија за визите, потврди денеска портпаролот на Европската комисија за внатрешни работи, демократија, правда и владеење на правото Маркус Ламерт.

„Што се однесува до нивната содржината, останува да се почека“, изјави Ламерт.

Во тој контекст, заменикот главен портпарол на Еврокомисијата, Стефан де Керсмакер, објасни дека принцип на ЕК е да не соопштува детали за некои предлози, се додека тие не бидат официјално објавени.

Реклама

Еврокомесарот Брунер вчера на неформалното заседание на Советот за правда и внатрешни работи во Варшава најави дека Европската комисија ќе претстави предлози за нова директива за враќање на мигрантите во трети земји кон средината на март, како и за нова стратегија за визите до крајот на годината.

Според Брунер, новата директива за враќање ќе овозможи подобра координација меѓу земјите членки на ЕУ при депортирањето на мигранти чии барања за азил се одбиени.

(МИА)