Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Култура

Македонскиот народен театар прославува 80-ти јубилеен роденден

Како и сите приказни, така и МНТ има своја – приказна која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како и сите приказни, така и МНТ има своја – приказна која се испишува, се раскажува и трае веќе 80 години. Тоа е приказна која започна да се ткае веднаш по ослободувањето во ноември 1944 година од страна на група истакнати театарски дејци, да се прикажува во декември истата година преку пет едночинки и да се испишува со почетокот на 1945 година: на 3 јануари со вработувањето на 60-те актери и технички, административен и сценски персонал и на 3 април со кревањето на завесата – премиерата на претставата „Платон Кречет“ од Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески.

Тоа е приказна која нашите театарски предци со голема љубов, труд и возбуда сите овие години неуморно ја твореа и ја создаваа во националниот театар, а ние, денешните генерации, ја пренесуваме и ја доградуваме за да ја сочуваме вредноста и достоинството во негувањето на културната и националната историја.

Македонскиот народен театар денеска работи со веќе постоечкиот уметнички ансамбл, со тенденција за збогатување на нова и млада актерска сила. МНТ ја продолжува приказната и традицијата со креирањето на секој нов процес – проект, како и ширење на меѓународна и културна соработка. Следејќи ја националната стратегија за развој на Министерството за култура и туризам, Македонскиот народен театар ја има неговата голема поддршка како и поддршката од целата јавност.

Реклама

Поради тоа, театарот својата благодарност ја искажува со целата креативност, историја, стручност и можности и неговиот исклучителен сјај ќе го продолжи со низа настани во текот на целата година: новите претстави кои следат оваа година, гостувањата на МНТ надвор од својата матична сцена, поинтензивни гостувања низ другите градови во земјата, гостувањата на други театри и културни институции во МНТ, настапи и настани.