Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Николовски: Во втората половина од 2024 година наплатени приходи од над една милијарда евра

Со доделување на признанија од Светската царинска организација до царински службеници за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со доделување на признанија од Светската царинска организација до царински службеници за особени заслуги во зголемувањето на ефективноста на управата во наплатата на приходи, олеснување на легалната трговија и сузбивање на криминалот, денеска во Царинската управа беше одбележан Меѓународниот ден на Царината.

„Со гордост да кажам дека во изминатиот период постигнавме многу при што преземавме конкретни дејствија за олеснување на трговијата, подигнување на безбедноста и поттикнување одржлив економски раст. Во втората половина од 2024 година наплативме приходи од 65,2 милијарди денари или 4 милијарди денари повеќе од 2023 година, откриени се прекршочни и кривични дела при што евидентирани се 305 случаи на заплени што е за над 100 проценти раст во однос на истиот период 2023 година“, истакна директорот Бобан Николовски на настанот.

Царинската управа, како членка на Светската царинска организација Меѓународниот ден на Царината го одбележа под темата „Царините испорачуваат ефикасност, безбедност и просперитет“.