Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Вреди: Патот Тетово – Призрен наскоро ќе стане реалност

Она на што се обврзавме вчера, работиме и денес. Пред изборната кампања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Она на што се обврзавме вчера, работиме и денес. Пред изборната кампања во годината што ја оставивме зад нас, ја изработивме нашата политичка програма на коалицијата ВЛЕН, со која се натпреварувавме и победивме. Важен дел од таа програма е патот Тетово-Призрен, како еден од нашите приоритетни проекти. Денеска со гордост и ја соопштиме на пошироката јавност веста дека работите за овој проект продолжуваат добро, соопшти Коалиција „Вреди“ .

„Затоа, заменик министерот за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири заедно со министерот за транспорт, Александар Николоски, директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски, и заменик директорот, Назим Таипи, беа во оваа насока да ги видат работите на лице место, оваа посета се случи во градот Призрен. Значи, да се увидат работите на новиот пат Тетово-Призрен, на кој пат се обврзавме. Во оваа посета, делегацијата на нашата земја беше придружувана од министерот за инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу.

Владата на ВЛЕН ја започнува 2025 година со конкретни чекори во изградбата на патот Тетово-Призрен, еден од проектите со најголем приоритет. Новиот пат Тетово-Призрен ќе поврзе два од главните градови на Северна Македонија и Косово, зајакнувајќи ги врските и соработката меѓу двете земји. Со тунел од 6,4 километри, овој проект значително ќе го скрати времето на патување и ќе ја олесни циркулацијата на граѓаните и стоката, давајќи значаен придонес за економскиот и социјалниот развој на регионот.

Реклама

Покрај подобрувањето на транспортните врски, патот Тетово-Призрен ќе понуди нови можности за развој на туризмот и бизнисот во двете земји, промовирајќи ја соработката и регионалната интеграција“, потенцираа од Коалиција „Вреди“.

Не останува ништо друго освен чекор по чекор потврдуваме дека 2025 година ќе биде година на големи инфраструктурни проекти. Ќе го изградиме Коридорот 8 (делница Тетово – Гостивар – Букојчан и проектот за автопатот Требениш – Струга – Ќафе Тане) и Коридорот 10Д (делница Прилеп – Манастир). Истовремено со висок интензитет продолжуваат работите на патот Тетово-Призрен, нотираа од каливијата.

ВЛЕН соодветно се ангажира за подобрување на инфраструктурата во државата бидејќи овој пристап ќе го олесни економскиот напредок и слободното и брзо движење на нашите граѓани, додаде во соопштението Коалиција „Вреди“.