Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Студентите сами ќе одлучат: Повисок студентски оброк или повеќе опфатени студенти?

Студентите сами ќе одлучат дали ќе се зголеми сумата за студентскиот оброк…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Студентите сами ќе одлучат дали ќе се зголеми сумата за студентскиот оброк или поголем број студенти ќе ја добиваат сегашната парична помош од државата. Откако беше понудено износот да се зголеми од сегашните 140 денари дневно на 160, се отвори дебата меѓу самите студенти… Министерката за образование Весна Јаневска, кажа дека двете опции се отворени, а последниот збор ќе го имаат студентите.

-Ставот е сосема јасен, веќе неколку пати сме го договориле, во овој момент очекуваме резултат од преговорите меѓу студентите. Штом ќе го добиеме така и ќе постапиме, изјави Јаневска.

Во отворено писмо до Министерството за образование, професорите од гимназиите по филозофија, логика и етика ја одбиваат новата концепција за средно гимназиско образование, велејќи дека ќе предизвикала негативни импликации во однос на учениците, професорите, гимназискиот образовен процес и државата во целост. Јаневска вели не се укинуваат овие предмети, а концепцијата се уште е драфт верзија за која се води широка дебата.

Реклама

-Сега прибираме сугестии, забелешки, предлози и откако ќе заврши јавната расправа ќе донесеме дефинитивен заклучок. Инаку, јас само пред два дена бев на Филозофски факултет, имав средба со професорите од Филозофскиот факултет, разговаравме многу конструктивно. Очекувам и нивна поддршка, затоа што ги сослушавме и ќе постапуваме по заеднички препораки, но првенствено во корист на учениците, изјави Јаневска.

Инаку, Македонија го доби првиот интегриран учебник по Гинекологија и акушерство напишан на македонски. Според професорите на Медицинскиот факултет за добра едукација на студентите, освен добри професори, потребна е и квалитетна литература, а овој учебник е значаен чекор кон унапредувањето на медицинското образование.

Матеја Петровски