Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Мицкоски: Македонија сега е во оптиката на администрацијата на Трамп и на политички и на економски план

Македонија дефинитивно влезе во видното поле на САД и најблиските соработници на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија дефинитивно влезе во видното поле на САД и најблиските соработници на Трамп – владата ќе продолжи да се бори на меѓународна сцена за интересите на државата. Посетата на премиерот на Соединетите Американски држави го трасира патот за продлабочување на соработката со стратешкиот партнер од кој  очекува поголема поддршка. Според Мицкоски, успехот лежи во комбинација од две битки – онаа домашната, за подобрување на животот и онаа кај странците, преку силна дипломатија и бранење на националниот идентитет.

Многу сум задоволен. Очекувам резулатите да бидат видливи наскоро. Домашната задача и домашната борба ќе ја водиме, за вакви проекти, подобра инфраструктура, здравство, образование, тоа се работи кои дома ќе ги решаваме и таа битка ќе ја водиме. Но мора да победуваме во светските метрополи. Имавме средби со личности кои ќе имаат исклучително високи улоги во администрацијата на Трамп и секој оној кој ќе се бори и избори за внимание на оптиката на Трамп, ќе влезе во таа оптика. Ние сакавме да се бориме, затоа отидовме, да се покажеме, кои сме, кои се нашите интереси. Нема втора шанса за прв впечаток. Убеден сум дека Македонија сега е во оптиката на администрацијата – и на политички и на економски план, рече Мицкоски.

Од друга страна опозицијата тврдеше дека посетата била небитна. За ова премиерот вели дека е оечкувано – во недостаток на идеи оделе со неосновани обвинувања. Рече дека средбите остварени таму се од суштинско значење за просперитетна иднина на Македонија.

Реклама

Премиерот е дециден дека Македонија ги брани европските вредности, и затоа е спремен да иницира средба со неговиот бугарски колега за да се реши билатералниот спор.

Зошто да не. Апсолутно би преземал чекори, да разговарам и аргументирам. Не гледам ништо лошо во разговор. Нашите ставови и позиции се непроменети, да видиме дали може да имаме заеднички јазик. Да видиме дали може да седнеме сите заедно да разговараме. Со билатерални прашања не можеме да браниме европски вредности. Ние ги браниме, наспроти оние кои ги злоупторебуваат своите позиции во рамки на ЕУ, вели премиерот.

А токму Бугарија е таа која не ги почитува европските вредности, бидејќи не ги спроведува пресудите од Стразбур за правата на Македонците таму. И додека источниот  сосед ни го оспорува идентитетот и го игнорира македонското малцинство,, јужниот сосед го обвини Мицкоски за иредентизам, оти го спомнувал македонското прашање кое со години тлее и не е решено.

Македонското прашање нема да биде затворено се додека главните стратешки приоритети не се решат. Знаеме дека Стразбур има донесено плејада пресуди за правата на Македонците во Бугарија. Зборуваме за 21 век, за земја членка која не почитува човекови права. Гледате дека во 21 век идентитетот се поткопува. Реков дека никогаш нема да се откажам од решавање на македонското прашање, порача Мицкоски.

Македонската влада продолжува со напорите за решавање на клучните прашања и подобрување на меѓународните односи, при што премиерот Мицкоски најави дека ќе ги продолжи дипломатските активности со сите партнери и соседни земји.