Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Канада е подготвена да возврати на царините на Трамп: Ги пресметале сите сценарија!

Канада цврсто и брзо ќе возврати ако САД воведат царини од 25…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Канада цврсто и брзо ќе возврати ако САД воведат царини од 25 отсто од 1 февруари, како што најави новиот американски претседател по неговата инаугурација во понеделникот, изјави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо.

„Се е на маса и го поддржувам принципот на еднакви тарифи во долари“, рече Трудо на прес-конференција, прецизирајќи дека тоа ќе има „одредена цена“ за Канаѓаните, пренесува Бета. Подготвени сме да се соочиме со сите сценарија и ќе ги заштитиме нашите национални интереси – рече премиерот, кој поднесе оставка на почетокот на јануари, а чиј наследник ќе биде познат дури на 9 март.

Сепак, тој рече дека е уверен оти администрацијата на Трамп нема да воведе царини, што ќе биде „пресуден момент за Канада и Канаѓаните“.

Реклама

Според економистите, воведувањето тарифи ќе предизвика длабока рецесија во Канада, чии 75 отсто од извезените стоки и услуги одат во САД, а стотици илјади работни места се во прашање.

Според песимистичкото сценарио на Bank Scotia, американското зголемување на тарифите проследено со канадски одговор може да доведе до пет отсто пад на канадскиот БДП, со значително зголемување на невработеноста и зголемување на инфлацијата од повеќе од 4,1 отсто.

„Планираме тарифи од 25 проценти за Мексико и Канада, бидејќи тие дозволуваат многу луѓе да влезат… и многу фентанил (опиоид што предизвикува голем здравствен проблем во Обединетите нации држави), рече Трамп во понеделникот.