Кабинетот на израелскиот премиер, Бенјамин Нетањаху, рано утринава потврди дека преговарачките тимови на Израел и Хамас, во Доха, потпишале договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците. Според соопштението од кабинетот на Нетањаху, премиерот за денеска закажал состанок на Советот за безбедност, на кој ќе се гласа за договорот, по што е предвидено да се состане Владата.
Сепак, состанокот на Владата нема да се одржи до сабота вечер, за да им се даде рок од 24 часа на противниците на договорот да поднесат жалба до Врховниот суд.
