Последниот тест на огромната ракета „Старшип“ на компанијата „СпејсX“, во сопственост на Илон Маск, пропадна неколку минути по лансирањето. Набрзо по полетувањето од Тексас, ракетата се распадна во вселената. Осум минути по полетувањето, контролата на мисијата го изгубила контактот со ракетата, во која немала човечка екипажа, туку носела прв товар на лажни сателити.
Авионите кои летале над Мексиканскиот Залив морале да го променат курсот за да го избегнат паѓањето на остатоците од ракетата. Десетици комерцијални летови биле пренасочени кон други аеродроми, а полетувањата од аеродромите во Мајами и Форт Лодердејл, во Флорида, биле одложени за околу 45 минути.
„Успехот е неизвесен, забавата е загарантирана“, изјави Илон Маск, објавувајќи видео од паѓањето на остатоците.
