Реклама
Македонија

СДСМ ја води поранешен министер за здравство, Филипче – синоним за смрт и за уништување на здравството

СДСМ ја води поранешен министер за здравство, кој е синоним за смрт…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ ја води поранешен министер за здравство, кој е синоним за смрт и за уништување на здравството, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија реагира дека за времето кога министер за здравство беше Венко Филипче, не се направило ништо за условите во здравствениот систем да бидат подобрени. Тврдат дека наместо да се работело на тоа поле, Филипче го интересирале само неговите и бизнис интересите на Зоран Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ предупредуваат дека само затоа што го интересирале провизии од тендери, Филипче како министер дозволил да се постави криминална модуларна болница во Тетово, во која живи изгореа 14 лица. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Филипче е министер за здравство во чије време Македонија ја позиционираше високо на европските и светски листи по смртност од коронавирусот.