Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Кина го поздравува договорот за прекин на огнот во Појасот Газа

Кина го поздрави договорот објавен вчера меѓу Израел и радикалната палестинска група…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кина го поздрави договорот објавен вчера меѓу Израел и радикалната палестинска група Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа.

-Пекинг се надева дека релевантните страни во договорот ќе го гледаат како можност за промовирање на деескалација на тензиите на Блискиот Исток, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун.

Покрај тоа, Кина очекува договорот да се спроведе ефективно за да се постигне целосен и траен мир во Појасот Газа, истакна портпаролот.

Реклама

Договорот треба да стапи на сила в недела, а во тек се преговори со Израел и Хамас за чекорите за негово спроведување.

Гуо Џиакун рече дека Кина ќе продолжи да прави напори за обезбедување хуманитарна помош за населението во Газа и да помогне во повоената реконструкција на крајбрежната енклава.

Војната во Газа избувна на 7 октомври 2023 година со ненадејниот прекуграничен напад на Хамас на израелска територија. Според израелските податоци, во тоа време биле убиени речиси 1.200 луѓе, а во појасот биле одведени околу 250 заложници.

Според информациите од Министерството за здравство на Хамас, бројот на Палестинци убиени во Газа како резултат на последователната израелска офанзива на крајбрежната територија е над 46.000.

(МИА)