Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Свет

Илјадници луѓе славеа во Газа, Израел остана воздржан по објавата за прекин на огнот

По 15 месеци крвав конфликт, Израел и Хамас постигнаа договор за примирје.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По 15 месеци крвав конфликт, Израел и Хамас постигнаа договор за примирје. Шестнеделното примирје ќе стапи на сила на 19-ти јануари.

Во првата фаза треба да бидат ослободени 33 израелски заложници во замена за стотици палестински затвореници. Американскиот претседател во заминување, Бајден, ја поздрави објавата, додавајќи дека американската дипломатија дала резултати.

Неговиот наследник, Трамп, пак, тврди дека „епскиот“ договор можел да биде постигнат само поради неговиот избор во ноември. Вети дека ќе работи со Израел за да обезбеди Газа никогаш повеќе да не стане засолниште на терористите.

Реклама

Со договорот се предвидува и зголемување на потребната хуманитарна помош за палестинските цивили. Он го поздрави прекинот на огнот, повикувајќи ги двете страни да ги почитуваат условите. На улиците во Газа вчера вечер се славеше, во Тел Авив пак имаше измешани чувства и воздржаност.

Договорот е постигнат по неколкумесечни преговори меѓу египетските и катарските посредници, со поддршка на САД, на само неколку дена пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Трамп на 20-ти јануари. Од почетокот на војната во Газа, предизвикана од нападот на Хамас на 7-ми октомври 2023-та, загинаа над 46 илјади Палестинци.