Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Старо-новата прва дама на САД вели дека луѓето сега ќе ја гледаат поинаку

Старо-новата прва дама на САД, Меланија Трамп, вели дека веќе се спакувала…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Старо-новата прва дама на САД, Меланија Трамп, вели дека веќе се спакувала и го одбрала мебелот кој ќе го однесе во Белата куќа по инаугурацијата на нејзиниот сопруг на 20 јануари. Меланија рече дека нема трајно да се насели во претседателската резиденција каде што, овојпат, нејзиниот 18-годишен син Барон ќе има своја соба.

Меланија даде интервју за „Фокс Њуз “велејќи дека луѓето тешко ја прифаќаат и ја гледаат само како сопруга на Трамп.

„И за прв пат бев јас, едноставно ми се чинеше дека луѓето не ме сфаќаат сериозно или не ме прифаќаат, можеби сега ќе биде поинаку. Немав голема поддршка. Можеби некои луѓе ме гледаат само како сопруга на претседателот, но стојам на свои нозе, имам свои размислувања“, истакна Меланија.

Реклама

Таа обзнани дека нејзина била идејата да се сними документарен филм за нејзиниот живот откако претходно имаше успех објавувајќи автобиографија.

„Имав идеја да направам филм за мојот живот. Мојот живот е неверојатен. Тој е незамисливо полн со обврски. И му реков на мојот агент: Имам идеја, оди и договори се во мое име“, рече Меланија за документарецот кој наскоро ќе се емитува на сервисот Амазон на познатиот милијардер Џеф Безос.

Продукцијата на филмот, односно лиценцата на Амазон, чинеше 40 милиони долари. Американските медиуми пишуваат дека тоа е уште еден доказ за вртењето на Безос кон Трамп.

Амазон во декември објави дека ќе донира милион долари во фондот за инаугурацијата на Трамп, но и дека ќе врши пренос во живо од настанот, што ќе биде безготовинска донација во вредност од уште милион долари.

Безос заедно со милијардерот Илон Маск донираа во кампањата на Трамп. И двајцата, заедно со газдата на Фејсбук, Марк Закерберг, ќе имаат видно место на инаугурацијата на новиот претседател.