Реклама
Македонија

Министерот Трипуновски утре на средба со оризопроизводителите, ќе бараат решение на проблемот

На итна средба, Министерот за земјоделство и оризопроизводителите утре ќе бараат начин…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На итна средба, Министерот за земјоделство и оризопроизводителите утре ќе бараат начин како да се реши проблемот со немањето откуп  на оризова арпа. Ресорниот министер, Цветан Трипуновски, за Алфа ја потврди информацијата, но што ќе се одлучи и какво решение ќе се донесе за да се надмине кризата, ќе се знае по завршувањето на средбата. Според проценката на оризопроизводителите, во амбарите има околу 10 до 12.000тони оризова арпа која не е продадена, поради увоз на странски ориз во минатото. Едно од клучните решенија за земјоделците е најавата за откуп на оризот за стоковите резерви.

„Во 2023 имаше увоз на ориз и во 2024 ни останаа големи количини, затоа состојбата кај земјоделците е тешка. Јас се надевам дека во февруари ќе се откупува за стоковите резерви и ситуацијата ќе биде подобра. Субвенциите ги зедовме во декември, прв пат се случи ова, добивме по 18.000од хектар„ изјави Стојче Ташовски

Немањето откуп, силно ги притисна оризопроизводителите, кои велат дека долговите им се големи, а во врат им дише и подготовка на нивите, за новата сеидба.

Реклама

„Не сум платил во аптеките, за комбајни, кирија. Освен моја земја, работам и изнајмена. Треба да им платам.  Тие луѓе ме чекат, ама мора да се раздолжам. Мора да продадам нива, за да платам долг. Оризот дома ми стое врапци и глувци ми го јадат„ изјави Коце ангелов

„Ние останавме без пари, а треба да направеме репродукција. Производната цена е 26, а сега сакат да ни го земат под таа цена. Како да направиме репродукција„ изјави Здравко Арсов

Лани под ориз беа посеани окоу 4000хектари, а новата сеидба се очекува да започне во април и мај. Дополнително Владата, пред крајот на минатата година донесе одлука да се поддржи откупот со по 6000 денари за 1000килограми откупена оризова арпа за извоз

Александра Ристевска