Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Тутунарите тријат раце: Откупот завршува предвреме со рекордни 21 милиони килограм по цена до 500 денари

Откупот на тутунот од ланската реколта ќе заврши најдоцна за 15-тина дена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откупот на тутунот од ланската реколта ќе заврши најдоцна за 15-тина дена и е речиси месец и половина порано од законски предвидениот рок кој е до крајот на февруари. Истовремено, се очекува родот да тежи и за над три милиони килограми повеќе во однос на првично очекуваните количини кои се проценуваа на околу 17 милиони килограми тутун, велат од Сојузот на тутунски здруженија.

„На терен има уште околу 700.000-800.000, максимум до еден милион килограми тутун. Тој тутун се наоѓа во делот на прилепската општина, односно Долнени и Крушево, а во источниот дел веќе 90 посто е откупен тутунот“, – изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Поволните временски услови, проценката на родот без никакви одбитоци, како и зголемената откупна цена која заедно со субвенциите достигна до 500 денари по килограм тутун, се само дел од причините кои годинава ги зголемиле откупените количини тутун. Но, според тутунарите, и покрај тоа што ваквата состојба била поволна за нив, сепак тие велат дека за годинашната реколта ќе мора да се востановат построги правила при проценката и откупот.

Реклама

Јас како тутунопроизводител со над 3 тони тутун, сум задоволен од оваа цена и од субвенциите значи, што ги најави Министерството….Ова не е откуп, значи. Треба со класи, со квалитет да се доплати, тој што има квалитет повеќе да му се доплати. Навистина, ваков откуп не е реален“, – изјави Џемал Назифоски, тутунопроизводтел од Крушево.

Од Сјузот на тутунски здруженија уверуваат дека македонското тутунопроизводство, после повеќегодишниот слободен пад, сега има реална шанса повторно да се крене на нозе. Затоа, тие веќе се влезени во преговори со сите инволвирани страни за престојната реколта да ја дочекаат целосно подготвени.

„Завчера имавме состанок со „Алијанса“. Начелно ги договараме начините на склучување на договори. Се’ уште за цени немаме почнато, меѓутоа, преокупација ќе ни биде цената и нема да дозволиме никако да биде пониска од годинашната цена и ќе одиме да се купува квалитетот, а не квантитетот. Ќе бараме, значи, стриктно примена на Законот на компаниите за купување на тутун“, – посочи Ристески.

Инаку, годинава тутунот достигна историски највисока откупна цена, односно 400 денари за килограм тутун прва класа и плус 100 денари субвенции за секое откупено кило.

Каролина Дурло