Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

ЕУ и исплати три милијарди евра на Украина

Европската Унија денеска и исплати три милијарди евра на Украина, како прва…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската Унија денеска и исплати три милијарди евра на Украина, како прва транша од уделот на ЕУ во заемот договорен во рамки на Г7.

Според претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, овие средства ќе и дадат финансиска моќ на Украина да продолжи да се бори за својата слобода и да надвладее.

– Речиси три години од руската агресивна војна, Украина може да продолжи да смета на своите пријатели и партнери, додаде Фон дер Лајен.

Реклама

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, пак, оцени дека Русија мора да ја плати цената за војната во Украина што таа ја започна.

– Денеска Украина ќе добие три милијарди евра од нашиот заем од Г7, кои ќе бидат исплатени од средствата од руските замрзнати активи, нагласи Калас.

Според неа, овие средства ќе претставуваат поддршка за економијата на Украина и ќе и овозможат на земјата дел од своите пари да намени за одбраната.