Реклама
Македонија

Кривична пријава е поднесена против тројца осомничени за крвничкото претепување на бездомното куче Феликс

Кривична пријава е поднесена против тројца осомничени за крвничкото претепување на бездомното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривична пријава е поднесена против тројца осомничени за крвничкото претепување на бездомното куче Феликс во кругот на фирма во индустриската зона Момин Поток. Инцидентот, кој се случи во ноември, ја шокираше јавноста откако се појави снимка на која се гледа како вработен брутално го претепува кучето со метална шипка. Кучето, угина во стационарот на ЈП „Лајка“, месец и половина по инцидентот.