Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Општина Прилеп ќе ги решава водоснабдителните и канализациските проблеми во повеќе населени места

Прилепското ЈКП „Водовод и канализација“ веќе има готови проекти за решавање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прилепското ЈКП „Водовод и канализација“ веќе има готови проекти за решавање на водоснабдителните и канализациските проблеми со кои со децении се соочуваат некои од населените места. Реалната реализација на тие проекти ќе биде овозможена благодарение и на средствата кои централната власт им ги вети на општините, уверува првиот човек на прилепски „Водовод“.

„За н.м. Селце, таму ќе има водоводна мрежа до Манастирот, потоа го имаме н.м. Лениште, каде првпат откога постои тоа населено место ќе се донесе вода и во тоа н.м., и до сите викенд-куќички што се околу тоа населено место. Ги добивме и „Лековските извори“, еден од најстарите извори од каде по слободен пад добиваме вода, направени уште во 1946/1947 година. Проектот, и од наша страна, и од Министерството, е веќе одобрен. Оваа година се надеваме дека и тој проект ќе го реализираме“, – изјави Игор Гулабоски, директор на ЈКП „Водовод и канализација“, Прилеп.

Освен на овие нови проекти, а во кои спаѓа и н.м. Лагово, интензивно се работи и на финиширањето на веќе започнатите во населните места: Канатларци, Мало Коњари и Големо Коњари.

Реклама

„Оваа година го преземаме н.м. Мало Коњари, каде што само 50 посто е извршена реализацијата околу канализацијата. Во Канатларци се одржува, функционира канализацијата, и н.м. Големо Коњари каде што проектот е целосно направен и оваа година ќе се заврши канализацијата во тоа населено место“, – посочи Гулабоски.

Поддршка за реализацијата на овие, но и на неколкуте други проекти кои допрва треба да ги поминат општинските и филтрите во надлежните министерства, пристигна и од ресорната заменк-министерка Ана Лашкоска. Според неа, недопустливо е во овој 21 век, луѓето од населените места и понатаму да немаат елементарни услови за живот.

„Во 2025 година, за жал, се’ уште имаме во цела држава населени места, па и дел од градски средини каде што немаат канализација. И токму и решавањето на проблемот со загадувањето е воведување, односно изградба на нови канализациони системи. Ние, и во 2025, односно Министерството ќе продолжи да финансира изградба на канализациони системи. Обврска на општината, нормално, е да достави проект, а наша обврска како Министерство и Влада, е да ја финансираме“ – рече Ана Лашкоска, зам.мин. за животна средина.

Инаку, прилепски „Водовод“ за реализација на водоснабдителни и канализациони проекти, годинава има предвидено да аплицира за околу 10 милиони евра, по проекти кои се веќе готови.

Каролина Дурло