Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Се празнува Божиќ

„Христос се роди, навистина се роди “ –  овие зборови утрово одекнаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Христос се роди, навистина се роди “ –  овие зборови утрово одекнаа во соборниот храм во Скопје. Православните верници си го честитаа најголемиот христијански празник – Божиќ.

„Денес го празнуваме Рождеството на Синот Божји, но од секого од нас зависи дали Тој ќе се роди и во нас, дали ќе се всели во нашите срца и души, дали ќе живееме со радоста од спасоносниот настан во Витлеем и со одговорноста која Христовото рождество ја носи со себе. Љубете се едни со други, срдечно со братска љубов, натпреварувајте се  во почитувањето еден кон друг, живеејќи така ќе го стекнеме мирот одозгора и ќе ги почуствуваме во нас плодовите на Царството Божјо, а тоа се, праведност, мир и радост во светиот дух“ вели Отец Сашо

Верниците изутринава дојдоа на божиќната служба и причест, палеа свеќи со желба за здравје во семејството и бериќет во домот.

Реклама

Граѓаните денот го минуваат со најблиските, на богата трпеза во домот на постарите, каде децата и внуците доаѓаат да посакаат среќа и радост.

Божиќ празник, се слави три дена. Божиќното утро почнува така што рано в зори се слушаат камбаните од православни цркви и храмови, се облекува свечена облека и се оди во црква на божиќна литургија, со молба кон Бога за здравје и бериќет. На овој ден, завршуваат и божиќните пости. А граѓаните, подготвени за божиќната трпеза. Кој колку има и може, но масата нема да остане празна.

Божиќ е празник на најголема радост. Верниците го минуваат денот со најблиските, на  трпеза во домот на постарите, каде децата и внуците доаѓаат да посакаат среќа и радост во текот на целата година.

Давид Крстевски