Реклама
Македонија

Градоначалникот Ѓорѓиевски донираше книги на Бројово писмо

По повод Светскиот ден на „Брајовото писмо“ – 4-ти јануари, градоначалникот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Светскиот ден на „Брајовото писмо“ – 4-ти јануари, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, го посети Државното училиште за рехабилитација на деца и млади со оштетен вид „Димитар Влахов“, каде донираше нови наслови напишани со „Брајово“ писмо. Учениците ќе имаат можност да уживаат во македонски класици, меѓу кои: „Зоки Поки“ од Оливера Николова, „Сказна за детето Вилен“ од Глигор Поповски, и „Белото циганче“ од Видое Подгорец.

Градоначалникот Ѓорѓиевски ја посети и донираше книги со „Брајово“ писмо и во библиотеката во Домот на културата во Кисела Вода. – „Грижата за лицата со намален вид е приоритет во нашата општина. Сето ова е дел од нашите напори за овозможување на еднакви можности за сите жители на Кисела Вода“, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.