Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Во Цетиње и ширум Црна Гора се палеа свеќи во чест на жртвите од масакрот

Еден од четворицата пациенти ранети пред два дена во масовното убиство во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еден од четворицата пациенти ранети пред два дена во масовното убиство во Цетиње сè уште е во критична состојба, со неизвесен исход, соопштија од Клиничкиот центар на Црна Гора.

Вчера вечерта, граѓаните на Цетиње и во други градови ширум Црна Гора палеа свеќи и им оддаваа почит на дванаесеттемина загинати во трагедијата. Собир имаше и на плоштадот на Независноста во Подгорица, каде што неколку стотици граѓани се собраа да изразат солидарност со семејствата на жртвите. Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, заедно со сопругата Милена, исто така запали свеќа во чест на загинатите. Во центарот на Подгорица беше отворена и книга на жалост, во која граѓаните се потпишуваа.

Слични собири беа организирани во Никшиќ, Плевља, Бијело Поле, Херцег Нови и други градови низ земјата.

Реклама

Според полицијата, осомничениот за масакрот, Ацо Мартиновиќ, се обидел да се самоубие по покренатата потера по него. Тој починал на пат кон болница. На полноќна прес-конференција, министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Сарановиќ, изјави дека мотивот за убиствата сè уште е непознат.

Жртвите, меѓу кои и две деца на возраст од 10 и 13 години, биле убиени на пет различни локации.