Терористичкиот напад во Њу Орлеанс во којз агинаа 15 луѓе, а повеќе од 30 се повредени е инспириран и најверојатно поврзан со исламистичката организација ИСИС. Идентификуваниот напаѓач Шамсуд-дин Џабар кој со пикап влета во толпа луѓе кои ја прославувале Новата година не делувал сам во организирањето, туку биле вклучени повеќе луѓе. Американскиот претседател Џо Бајден откри дека ФБИ пронашло видеа снимани неколку часа пред нападот, во кои се укажува дека Џабар е инспириран од ИСламската држава.
„ Ја видовме и експлозијата на сајбертрак пред хотелот на Трамп во Лас Вегас. Полицијата и разузнавачката заедница исто така го истражуваат ова, вклучително и дали постои можна поврзаност со нападот во Њу Орлеанс
Го упатив мојот тим да се погрижи секој ресурс да им биде достапен на федералните, државните и локалните органи за спроведување на законот за брзо завршување на истрагата и за да се осигури дека нема закана за американскиот народ“, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

42 годишниот Шамсуд Дин Џабар е државјанин на САД со живеалиште во сојузната држава Тексас. Тој, според информациите, со пикап возило влетал во толпата луѓе кои ја прославувале Новата година, а потоа излегол од возилото и почнал да пука кон полициските службеници кои биле на местото, ранувајќи двајца од нив. Полицијата, во одговор на нападот, го застрелала и усмртила напаѓачот на лице место. Како што соопшти ФБИ, возилото со кое Џабар го извршил нападот било изнајмено, а во него прокрај знамето на Исламска држава во задниот дел, агентите пронашле оружје и „потенцијална“ импровизиран експлозивна направа.
Не веруваме дека Џабар е единствениот одговорен“ за нападот. ФБИ верува дека тој можеби имал помош при извршување на нападот. Го разгледуваме кругот на осомничени и не ја отфрламе ниту една можност во оваа фаза на истрагата. Во моментов работиме и на утврдување на негова потенцијална поврзност со терорисстички здруженија, вели Алетеа Данкан од ФБИ.
Дополнително, според информациите од високи извори инволвирани во истрагата, во близина на местото имало најмалку две импровизирани експлозивни направи, но за среќа не се активирале.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп остро ја критикува актуелната влада во САД нарекувајќи ја земјата под актуелното раководство катастрофа и смешен случај во очите на светот.
Во меѓувреме ФБИ истражува поврзаност помеѓу нападот во Њу Орлеанс и експлозијата на електричниот автомобил „Cybertruck“ на компанијата „Тесла“ којашто се случи пред хотелот на новиот американски претседател Доналд Трамп во Лас Вегас, во сојузната држава Невада. Во експлозијата загина едно лице, а седум се повредени.
