Реклама
Прилози

Тридневна жалост во Црна Гора заради масакрот во Цетиње

Масакрот врз 12 луѓе во црногорско Цетиње на првиот ден од годината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Масакрот врз 12 луѓе во црногорско Цетиње на првиот ден од годината го зави регионот во црно. Кумови, пријатели, роднини и две внучиња на 10 и 12 годишна возраст се жртвите на 45 годишниот Ацо Мартиновиќ кој опколен од полицијата си  пукаше во главата. Им подлена на повредите на патот кон клиниката во Цетиње.

Претходно на 5 локации усмрти 12 свои роднини и пријатели, а четворица се тешко ранети. Според последните информации, тројца од нив, по извршените операции, се надвор од животна опасност, а еден сеуште е во критична состоба.

Мартиновиќ од изутрината се гостел во кафена во Цетиње со сватовите, пријателите и кумовите. Откако избила кавга со еден од гостите, тој заминал дома  да земе оружје. Со пиштолот којшто нелегално го поседувал се вратил во кафеаната и усмртил четворица. Им пукал каде ќе стигне и ги усмртил на лице место. Од таму крвавиот поход го продолжил на уште 5 места. Дошол и во домот на сестра сѝ и ги изрешетал сите четворица. Во глава им пукал на двете внучиња, сестрата и на зетот.

Реклама

Наоружан со пиштол, Мартиновиќ се пуштил уште на неколку локации. На жртвите им пукал во глава и во гради. Медиумите во регионот објавуваат фотографии од жртвите. Покрај тоа што Мартиновиќ си ги убил родините, го ликвидирал и семејството на сопственикот на кафеаната од каде почнал крвавиот пир.

Крвавиот масакр во Цетиње предизвика жалење не само во земјата туку и во регионот. Цногорскиот премиер Милојко Спајиќ веќе објави дека во анреден период ќе се одлучува за целосна забрана за поседување на оружје како и итно вработување на дополнителен број на полициајци за поголема заштита на граѓаните.

Мартиновиќ од претходно и е познат на црногорската полиција кога при претрес во 2022-ра година кај него биле пронајдени воздушна пушка и експлозив. Во 2005-тата пак, бил осуден за насилство.

Во Црна Гора прогласена е тридневна жалост. Телеграми со сочувство испратија повеќе политичари од земјата и регионот меѓу кои и српскиот претседател Александар Вујиќ.