Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Мицкоски: Остануваме фокусирани во реализација на проекти што ќе значат поквалитетна грижа за здравјето на граѓаните

Јас можам да кажам политичко мислење дека ние како Влада ќе продолжиме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јас можам да кажам политичко мислење дека ние како Влада ќе продолжиме да функционираме за доброто на граѓаните, сето она кое што во минатото било запоставено, заборавено, целта на оваа Влада, на министерот, на директорите во здравството, е да направат додадена вредност, да направат повеќе со што граѓаните ќе имаат пристојни услови, онакви услови какви што заслужуваат и лица мотивирани кои ќе се грижат за нивното здравје, истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на пуштањето на целосно реновираниот прв кат на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје.

-Работевме многу и во делот на потпишување на Колективните договори, му честитам и на министерот и на директорот на Фондот и на сите кои учествуваа во тој процес, министерката за финансии исто така, бидејќи се потпиша договор кој што никогаш порано не бил направен со Синдикатите и ценам дека на тој начин мотивираноста кај здравствените работници ќе биде уште поголема.

Им честитам на сите вклучени што направија овој објект овде да изгледа вака репрезентативно. Министерот кажа кои се следните објекти кои што во периодот кои што следат ќе бидат исто така пуштени во употреба.

Реклама

Остануваме фокусирани да испорачуваме, тоа е она кое што граѓаните го очекуваат од нас.

Очекувам дека уште во првиот квартал следната година ќе најавиме уште неколку клучни и големи проекти во делот на здравството кои што ќе бидат успешно завршени. Уште сме во фаза на преговори, но мислам дека ќе има убави и пријатни изненадувања за граѓаните.

Да заклучам, честитам на министерот, на директорката на сите вклучени во овој проекти, тука е се разбира директорот на ФЗО, министерството за финансии, проектната единица, буквално сите кои што беа вклучени.

И да посакаме уште многу вакви реновирани објекти да ни се случуваат во иднина, кои што ќе значат поквалитетна грижа за здравјето на граѓаните, подвлече Мицкоски.