Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Прилози

Алфа открива : „Зобек – мининг“  била „омилениот“  оператор на Јован Деспотовски кој добивал тендери во ТИРЗ

„Зобег миниг“ е спорната компанија со која Јован Деспотовски склучувал договори за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Зобег миниг“ е спорната компанија со која Јован Деспотовски склучувал договори за зоните во Струмица и Штип и неофицијално тоа се договорите за кои се води истрага, дознава Алфа од свои извори.  

Најверојатно договорите  за нивелирање парцели  во зоните Струмица и Штип за подготовка на терен за поставување соларни панели се токму  причината за чешлање на тендерите. Надлежните истражуваат дали Деспотовски ги „токмел“ тендерите за токму Зобек да ги добие.  Финансова заедно со  обвинителството  отвори предмет за Деспотовски за проневера на два милиони евра во ТИРЗ преку склучени тендери за зоните во Штип и Струмица.

Инаку, претходно дел од медиумите објавуваа дека се работи на истрага за фирма која имала пет тендери во ТИРЗ за изработка на инфраструктутура во економските зони во Штип и Струмица, а  истата фирма била учесник и добитник на договори за набавка на јаглен за РЕК Битола.  Медиумите пишуваа дека од февруари 2022- ра до март 2024 компанијата Зобек мининг добила зделки од ТИРЗ во висика од околу 22, 37 милиони евра, а од друга страна компанијата склучила договор со РЕК Битола за набавка на јаглен во вредност од над 20 милиони евра.

Реклама

ВМРО – ДПМНЕ додека беше во опозиција пак, предупредуваше дека во ТИРЗ се склучуваат тендери за зоните кои се празни во Штип. Нивните податоци во 2023-та покажаа дека покажале дека компанијата има склучено само четири тендери и сите четири се од ТИРЗ откако на чело на дирекцијата дошол Јован Деспотовски. Инаку, вчера судот одлучи да му го одземе пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ и тој има обврска повремено да се јавува на суд. Се сомничи за злоупотреба на службена положба .

Деспотовски во изјава за Алфа вчера пак кажа дека бил повикан на информативен разговор. Но посочи дека постапката не би ја коментирал  

Не бил коментирал ништо за постапката, затоа што мислам дека навистина коректно си ги водат постапките институциите и не би сакал на нив да им се нафрла било што, па целава оваа ситуација очигледно е непрофесионализам“ , рече Деспотовски.

Инаку тој во јули поднесе оставка од функцијата директор на Зоните по промената на власта, а после изборите се појави и како гласен критичар на политиките на СДСМ.