Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Полицијата во лов на шверцери на скапи автомобили – осомничени 10 луѓе

Криумчарење на луксузни возила, фалсификувани исправи и царински измами во најновата акција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Криумчарење на луксузни возила, фалсификувани исправи и царински измами во најновата акција на полицијата и обвинителството. 10 луѓе се товарат за кривични дела за кримчарење на скапи автомобили од Европа, октрива ОЈО.  Полицијата ја “улови” криминална група која шверцувала автомобили од европските земји и се возеле во Македонија. Меѓу осомничените има и грчки државјанин, а  за него кривичниот поргон ќе го врши обвинителството во Грција.

“Лицата во текот на 2021 и 2022 година, со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава автомобили кои биле предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг начин ја избегнувале царинската контрола.Возилата тука ги регистрирале и еден дел по неколкупати меѓусебно си ги препродавале за да го прикријат криумчарењето, по што ги отуѓувале на крајни корисници.Меѓу осомничените се две службени лица – вработени во управни служби за регистрација на возилата” велат од ОЈО.

Министерот Тошковски вели дека МВР со сите сили се бори против криминалите во државата. Тој уверува дека борбата против криминалот продолжува, затоа што македонските граѓани заслужуваат да живеат во стабилна и безбедна држава.

Реклама

–Акцијата е насочена кон сузбивање на организирана криминална група која се занимава со криумчарење на скапи моторни возила, фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба, за што утрово се вршеа претреси на повеќе локации. Продолжуваме со борба против сите облици на криминал, затоа што македонските граѓани заслужуваат да живеат во стабилна и безбедна држава, потенцира министерот Тошковски.

МВР за само еден месец сузби повеќе криминални групи…поврзани со нарачани убиства, препордавање наркотици, обиди за ликвидација и безброј случаи на изнуди, закани и рекет.Тошковски вели дека ова е само почеток, за сузбивање на криминалите во држвата.