Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Героски за Алфа: Обвинетите во случајот „Организатори 27-ми април“ се жртви на политички прогон

Политички прогон – ова е единствениот начин на кој може да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политички прогон – ова е единствениот начин на кој може да се опише судскиот предмет „Оранизатори за настаните од 27-ми април“.  Факт е дека поранешниот спикер и ексминистерите беа предмет на неоправдано гонење за кривичното дело тероризам, коментира новинарот Бранко Героски. Според него, барањето кое дојде од обвинителството за прекинување на кривичното гонење доцни цели 6 години.

  • „Обвинението мораше да падне пред воопшто да влезе во судска процедура. Мислам, дека тројцата, а особено би рекол главниот обвинет г.Трајко Велјановски, да се изложени на сериозен политички прогон. Кој што сака нека рече, но факт е дека тие луѓе ги изгубија шансите за понатамошен политички кариери и воошто нивните семејства беа вознемирани и изложени на секакви „шикандирања“ од секаков вид. И мене навистина ми е жал што беа потребни цели шест години за да се дојде до овој момент кога јасно дека тројцата се веќе слободни луѓе односно ќе бидат опфатени со Законот за амнестија“ вели Бранко Героски – новинар.  

Героски вели дека неиздржаноста на целото обвинение се покажала уште со исказите на 46 сведоци во текот на судската постапка, а дел од нив и политички противници на обвинетите.

  • „Во случајот на Велјановски, конкретно, најдобро го познавам, многу е важно да се каже не само што човекот е опфатен со амнестијата, туку обвинението во целост спрема него и другите двајца обвинети, товарајќи ги за к.д. тероризам беше апсолутно неоправдано. Беше еден хир на обвинителката Вилма Русковска. Беше еден обид за одмазда и политички прогон кој го отфрлија дури и нивните политички противници“ вели новинарот во изјава за Алфа.

Обвинителството на последното рочиште призна дека имало правна пречка воопшто да се покрене случајот. После шест години агонија и прогон врз поранешните функционери, сфати дека немало основ за кривичен прогон бидејќи не се почитувал Законот за амнестија за настаните од 27 април, кој веќе бил во сила.

https://youtu.be/NQA7KfqQwqc