Реклама

Николоски: Македонија станува транзитен центар на Балканот со коридорите 8 и 10

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Свет

Трамп го сака „ТикТок“ во САД и најави крај на „лудилото“

Избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека е за продолжување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека е за продолжување на работата на „ТикТок“ во земјата, барем на некое време, тврдејќи дека добил милијарди прегледи на платформата за време на претседателската кампања.

Коментарите на Трамп беа еден од најсилните сигнали досега за неговото противење на можноста за излегување на „ТикТок“ од американскиот пазар. Во април, Сенатот усвои закон со кој се бара од матичната компанија на „ТикТок“, кинеската „БајтДанс“, да ја продаде апликацијата, повикувајќи се на загриженост за националната безбедност.

Нејасно е како Трамп ќе постигне поништување на одлуката за продажба на „ТикТок“, која беше изгласана со огромно мнозинство во Сенатот.

Реклама

Трамп се осврна и на имиграцијата, уште една омилена тема во неговата кампања. Тој вети дека на првиот ден од функцијата ќе потпише серија извршни наредби за затворање на границата за илегалните имигранти, а истиот ден ќе ја започне најголемата операција за депортација во историјата на Соединетите Американски Држави.

Тој најави и дека ќе престане „лудилото“, уште на првиот ден од функцијата, наведувајќи дека под неговата администрација ќе има два пола – машки и женски.