Реклама

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Прилози

Криминалот на Артан Груби го отсликува владеењето на двоецот ДУИ и СДСМ

Криминалот на Артан Груби го отсликува владеењето на двоецот ДУИ и СДСМ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Криминалот на Артан Груби го отсликува владеењето на двоецот ДУИ и СДСМ, а неговото исклучување од матичната партија не ги амнестира интегративците бидејќи тој владееше со нивна поддршка и партиски гласови. Вака дел од политичките аналитичари го оценуваат последно партиско соопштение на ДУИ во кое од партијата го исклучуваат бегалецот Артан Груби. Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи вели дека ДУИ секогаш употребува трикови, а исклучувањето на високиот партиски функционер е само еден од нив.

Иднината на ДУИ е се понеизвесна откако името на Артан Груби осамна на Црната листа на САД. Аналитичарот Фаризи вели дека во јавноста веќе се зборува дека членови на Алијанса за Албанците по празниците ќе се вратат кај Таравари. Бродот на ДУИ е веќе потонат и се гледа крајот на партијата, прогнозира Фазири.

Додека во јавноста се шпекулира дали Груби е во Косово или Албанија, врие политичката сцена.

Реклама

Имено, повик до Груби да се врати и да се обиде да ја докаже својата евентуална невиност испрати и коалицискиот партнер на ДУИ, Зијадин Села. Вели ако е невин, тоа треба да го докаже во судска постапка.

Поради сомнежи за сторен криминал Артан Груби заврши на американската црна листа. Тој е осомничен за сторен милионски криминал во Државна лотарија заедно со поранешниот тамошен директор Прпарим Бајрами кој исто така од поодамна не е во државава. За истиот случај кривична пријава добија уште четири други лица. МВР му поднесе кривична пријава и на поранешниот премиер Димитар Ковачевски како и на екс генералниот секретар на владата Методија Димовски. Сепак засега, обвинителството немало докази за нив да ги процесуира.