Реклама

Николоски: Македонија станува транзитен центар на Балканот со коридорите 8 и 10

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Свет

Дали американската војска ќе биде вклучена во депортациите кои ги најави Трамп?

За време на неговата претседателска кампања, Доналд Трамп рече дека најлошиот проблем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За време на неговата претседателска кампања, Доналд Трамп рече дека најлошиот проблем на Америка е илегалната имиграција.

„Ќе ја имаме најголемата депортација во историјата. Јас не сум горд што го кажувам тоа, тоа е тешко да се направи“.

Откако победи на изборите, Трамп сподели објава на социјалните мрежи во која вели дека ќе прогласи национална вонредна состојба и ќе распореди американски војници да помогнат во тие депортации.

Реклама

Нејасно е како американската војска би можела да се искористи за извршување на ова ветување за масовни депортации, вели професорот по право на Универзитетот во Њујорк, Џозеф Нун.

„Навистина зависи од тоа што точно размислува претседателот во однос на тоа како сака да ја користи војската, дали сака војската директно да учествува во спроведувањето на законот или да дава индиректна поддршка за федералната операција за депортација“.

Том Хоман кој е именуван да се справува со ова прашање, планира поагресивен пристап за депортација и зголемено воено учество.

„Ќе имаме масовна операција за депортација и ќе се обидеме да ги пронајдеме оние над 300.000 деца кои беа ослободени од оваа администрација.“

Хоман цитира извештај за домашна безбедност, кој покажува дека над 32.000 малолетници без придружба ги пропуштиле судските рочишта, додека повеќе од 290.000 не добиле известување. Експертите за имиграција тврдат дека ова не мора да значи дека тие се исчезнати. Некои можеби сè уште се на нивните наведени адреси.

„Масовната депортација не е единствената опција. Наместо тоа, Конгресот би можел да создаде нов пат до постојан правен статус, дозволувајќи им на многу луѓе кои веќе живеат овде да поднесат апликација, да поминат низ проверка на позадината, да платат такси и да ги средат своите документи“.

Судскиот комитет на Сенатот оваа недела разговараше за предизвиците на масовните депортации, при што демократите рекоа дека тоа може да и наштети на економијата.

„Факт е дека денес во САД живеат милиони имигранти без документи кои работат во индустрии клучни за целата наша економија“.

И, републиканците го нагласуваат владеењето на правото.

„Ние ќе ја следиме наредбата за отстранување од страна на имиграциските судови и повторно, нема да ги прифатиме беззаконието и криминалот во САД како нова нормала“.

Федералните закони го ограничуваат военото вклучување во цивилното спроведување на законот без одобрение од Конгресот, но овластувањата за неитни случаи ќе му дозволат на претседателот да распореди војници за да обезбеди логистичка поддршка. Некои експерти велат дека војниците немаат обука за спроведување на имигранти.

„Секој припадник на службата кој ќе биде вовлечен во домашна операција за масовна депортација е припадник на службата кој не ја врши својата нормална работа и не ја исполнува својата обична улога на националната безбедност“.

Сојузната држава Тексас и нуди на администрацијата на Трамп повеќе од 550 хектари за изградба на објект за обработка и притвор за, како што вели комесарот за земјиште на државата, „најголемата депортација на насилни криминалци во историјата на нашата земја“.

Доналд Трамп планира да ги депортира сите илигални имигранти во САД во текот на неговиот четиригодишен мандат.

Трамп рече дека планира да преземе извршни дејствија на неговиот прв ден на функцијата за да се обиде да стави крај на американското државјанство со право на раѓање, кое што произлегува од Уставот на САД.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон