Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА: Фабриката за батерии за автомобили на „ABEE“ во Кичево ќе отвори 600 работни места

Денес, заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ),…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски, имавме чест да присуствуваме на свеченото поставување на камен-темелникот за изградба на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ во ТИРЗ Кичево, информира премиерот Христијан Мицкоски.

-Оваа значајна инвестиција, вредна 40 милиони евра, предвидува отворање на 600 нови работни места. Во првата фаза, инвестицијата изнесува 10 милиони евра, со ангажирање на 200 лица, што претставува одличен почеток и силен поттик за локалната економија.

Владата останува посветена на создавање услови за поквалитетен живот на граѓаните преку отворање нови работни места, поддршка на странските и домашните инвестиции, како и поттикнување на развојот на современи технологии.

Реклама

Со ваквите проекти, не само што ја развиваме нашата економија, туку и создаваме можности за младите да останат и да ја градат својата иднина тука, во Македонија. Време е да ставиме крај на иселувањето кое беше горчлива реалност во минатото и да покажеме дека можеме заедно да изградиме подобра иднина, потенцира Мицкоски.