Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Класичен „тонч“ од амбасадорката Агелер за „дестабилизацијата“ во најава на Ахмети

Навистина се надевам дека ниту една политичка партија или личност би работела…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Навистина се надевам дека ниту една политичка партија или личност би работела на дестабилизација на својата земја. Не гледам дека тоа може да биде во нечиј интерес, а особено не во интерес на граѓаните на оваа земја, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер.

Прашана за стабилноста на земјава и дали разговарала со владини претставници за можна дестабилизација, Агелер рече дека секојдневно зборува со претставници на владата, бидејќи тоа и е работа, но дека не се сеќава на разговор за тоа конкретно.

– Затоа и имам фотографии со поранешни функционери, бидејќи тоа ми е работа. Но, конкретно за стабилноста на земјата, не се сеќавам на разговор за тоа конкретно, но разговарав со премиерот синоќа, веднаш по објавувањето на новите имиња на црната листа, бидејќи му ги пренесов објавите и разговарав повторно со него денеска. Навистина се надевам дека ниту една политичка партија или личност би работела на дестабилизација на својата земја. Не гледам дека тоа може да биде во нечиј интерес, а особено не во интерес на граѓаните на оваа земја, изјави Агелер, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конфернецијата за проширувањето на „црната листа“ на Стејт департментот на САД.

Реклама

Улогата на лидерот, нагласи Агелер, без разлика дали во владејачката коалиција или во опозицијата, треба да биде во насока на обезбедување на стабилна, безбедна и просперитетна Македонија.

– Тоа е тоа што граѓаните го сакаат. Не сакаат да има напори за дестабилизација, порача Агелер.

Тоа што граѓаните сакаат, подвлече Агелер, е да видат акција против корумпираните актери во земјава.