Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Свет

Асад побегна со авион кој се изгуби од радарот, никој не знае каде е, сирискиот премиер ја предава власта на бунтовниците

Падна Башар Ал Асад. Според последните информации сирискиот претседател се качи во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Падна Башар Ал Асад. Според последните информации сирискиот претседател се качи во авион и денеска го напушти Дамаск, но не се знае каде, информира Ројтерс, додавајќи дека авионот со кој полетал наводно се изгубил од радарот, а не се исклучува и тоа дека можеби е убиен.

Бунтовниците, објавија видеа дека влегле во главниот град, на кои се гледа дека сиријски војници нема никаде. Објавија и видео дека влегле во претседателската палата. Според видеа објавени на социјалната мрежа икс, илјадници луѓе, пеш и со автомобили, се собраа на главниот плоштад во Дамаск, извикувајќи „Слобода, слобода“.

Во меѓувреме се појави и видео на кое сирискиот премиер Мохамед Гази Ал Џалали ја напушта својата резиденција во придружба на вооружени лица. видеоснимката покажува како телефонирајќи, тој се симнува по скалите на објектот, опкружен од вооружени мажи кои го придружуваат додека влегува во црн џип.

Реклама

Според Си Ен Ен, премиерот се упатува кон хотел во Дамаск за да се сретне со водачите на бунтовниците и да им ги предаде владините овластувања.

Бунтовниците ги предводи Абу Мохамед Ал-Џолани, тој е е водач на движењето Хајат,  Тахрир Ал-Шам и се најде во центарот на вниманието откако неговиот Исламистички сојуз ја предводеше одлучувачката офанзива за соборување на сирискиот претседател Асад, и му стави крај на петдецениското владеење на партијата Баас.

Додека центарот на вниманието денеска е Сирија, американскиот претседател во заминување Бајден засега внимателно ја следи ситуацијата, додека новоизбраниот Трамп, оцени дека Асад ја загуби поддршката од Русија.

Москва пак порача дека нејзините воени бази во Русија се во состојба на готовност.

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека сирискиот претседател Башар Ал Асад ја напуштил функцијата и заминал од земјата откако дал наредба за мирно предавање на власта.

Во соопштението не се наведува каде заминал.