Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Поради еден ученик бојкот на наставата во две училишта

Транспаренти со пораки со поддршка за трето одделенецот беа поставени на влезот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Транспаренти со пораки со поддршка за трето одделенецот беа поставени на влезот на основното улилиште Лазо Ангеловски во општина Аеродром откако со одлука на советот на родители околу 1500 ученици денес ја бојкотираат наставата. Во училиштето го затекнавме единствено обезбедувањето кои ни рекоа дека освен нив, ниту еден од раководството и наставниците денеска не се на рабоата. Советот на родители одлуката за бојкот ја донел вчера врз основа на спроведена анкета.

“Беше побарано во рамките на секое одделение да се спроведе анкета за бојкот на наставата сè до изнаоѓање на соодветно решение на ситуацијата. На седницата беа сумирани резултатите од анкетата и едногласно од страна на секое одделение беше добиена согласност за отпочнување на бојкот на наставата” реши Советот на родители на ОУ Лазо Ангеловски

Проблемот ескалираше откако ученикот требаше да биде префрлен од основното училиште Лазо Ангеловски во општина Аеродром во основното 11 Октомври. Имено, ученикот беше одбиен да посетува настава во училиштето поради обвиненија за насилно однесување кон соученици. Наставата ја бојкотираат учениците од прво до четврто одделение.

Реклама

Со став за ситуацијата се признесе и министерката за образование Весна јаневска. Таа најави истрага, но нагласи дека ученикот мора да следи настава како и сите негови врсници.

“Јас ги разбирам родителите кои стравуваат за сопствените деца, но станува збор исто така за дете. Малолетно дете кое треба да се вклопи во средината, односно во општеството. Првенствено треба да се испитаат причините зошто е такво однесувањето на детето, а за да се стори тоа и да може понатаму да се делува да се коригира однесувањето на детето, треба да се вклучат повеќе фактори од државниот систем. Првенствено училиштето со своите стручни служби би требало да може на некој начин да го реши проблемот, но соработката со родителите е од исклучителна важност. И стручните служби на училиштето и родителите би требало примарно да влезат во решавање на проблемот” рече Јаневска.

Од министерството за образование најавија средба со претсавници на двете засегнати улилишта. Од МОН потврдија дека ќе бидат разгледани сите опции по што ќе излезат со можни решенија.

Даниел Ѓорѓевски