Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски: Нема да ги посрамотиме граѓаните, спорот е наметнат, ама нема инстант решенијa

Жестоки и цврсти аргументи, откочување на македонските евроинтеграции со заштита на државните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жестоки и цврсти аргументи, откочување на македонските евроинтеграции со заштита на државните и национални интереси – само на овој начин, со проактивна дипломатија и лобирање во европските институции може да се постигне успех и Македонија да се приближи до европското семејство, со една цел, еден ден да стане дел од блокот. Премиерот Христијан Мицкоски не верува во инстант решенија и вели дека ќе претстои силна борба на овој пат. Сепак, според него за доброто на граѓаните вредела секоја жртва. Не крие дека ќе биде тешко да се исправат грешките на неговите претходници кои воделе егзибиционистичка надворешна политика. 

Спорот е наметнат и политиката на претходната власт беше политика во која подалеку од носот не гледаше никој, рече Мицкоски. 

На средбите во Брисел се воделе конкретни дискусии околу изнаоѓање прифатливо решение. Владата настојува на уставни измени со одложено дејство, а овој став ќе го брани и на Самитот ЕУ – Западен Балкан кој ќе се одржи во втората половина од декември, но и на средбите со Европската народна партија.

Реклама

Разговаравме за сите теми од суштинско значење, поминуваме низ аргументите, даваме нови аргументи. Ова се нов состав, голем дел од информациите кои ги примаат се нови. Врз основа на тие дискусии очекувам дополнително да се развијат определени можни решенија. На 17-ти има Самит, ЕУ и Западен Балкан, ќе бидам пак таму, рече Мицкоски.

Она што го слушнале новите европски челници вчера е и фактот дека  и покрај сите жртви што Македонија ги направи низ годините,остана во чекалната. 

Македонскиот државен врв го реафирмираше ставот дека ултиматуми веќе нема да се прифаќаат, и дека ќе се разговара онолку колку што е потребно за што поскоро да се отвори првиот кластер.