Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Тошковски – Нешиќ: Македонија и БиХ се исто така погодени од миграцијата, иако мигрантите не сакаат да останат кај нас

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, одржа билатерална средба со министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, одржа билатерална средба со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ на која било разговарано за потребните чекори кои треба да ги преземат двете земји за доближување кон Европската унија.

Тошковски посочи дека на средбата било разговарано за реформите кои треба да ги спроведат двете држави, потврдувајќи ја добрата соработка помеѓу полициите и полициските службеници.

– Разговаравме за прашања кои што се од интерес за двете држави во насока на оној пат којшто претстои пред нас, тоа е правење на сите оние потребни реформи, преземање на сите оние потребни чекори за да се доближиме до Европското семејство. Тоа е нашиот единствен пат и на Македонија и на Босна и Херцеговина којшто треба да го исчекориме во иднина … Разговаравме исто така за теми кои што се од интерес за двете држави, како држави каде што имаме транзит на нелегална миграција, разговаравме за теми кои што се поврзани со создавање на еден регионален центар за обука и регионални конференции на сите центри за обука на земјите од Балканот, рече Тошковски.

Реклама

Според босанскиот министер за безбедност, Нешиќ, криминалот и корупцијата се тие што ја загрозуваат безбедноста на граѓаните. Тој истакна дека Македонија и Босна и Херцеговина се исто така погодени од миграцијата, иако мигрантите не сакаат да останат ниту во земјава, ниту во БиХ.

– Тоа се илегални миграции, како што знаете, Македонија и Босна и Херцеговина се исто така погодени од миграцијата. Мигрантите не сакаат да останат ниту во Македонија, ниту во Босна и Херцеговина, но за жал ние сме транзитна рута и се соочуваме со безбедносен предизвик, особено во последно време кога мигрантите некако станаа насилни, а трговијата со луѓе, т.е. профитабилните бизниси. Исто така, сакам да изразам дека нашите полициски агенции соработуваат многу успешно, дека ги разбиваат потребните информации и го изразувам моето очекување дека оваа соработка ќе биде уште подобра во следниот период, рече Нешиќ.