Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Стопанска комора организира саем за вработување

Нови дигитални алатки со кои на граѓаните ќе им се олесни пристапот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови дигитални алатки со кои на граѓаните ќе им се олесни пристапот до понудите за вработување најави Стопанска Комора на Македонија. Покрај дигитализацијата, оттаму ги промовираа и новите програми за дуално образование со кои на граѓаните ќе им се овозможи стекнување на нови вештини кои се барани на пазарот на трудот а се во соработка со Агенцијата за вработување.

„Како Стопанска комора често размислуваме како да им помогнеме на македонските компании и нашата цел е преку ваквите саеми и преку обуките за преквалификација и доквалификација да им помогнеме ним и на македонската економија во целост. Се обидуваме да најдеме кадар за преквалификација и доквалификација со посредување на Агенцијата за вработување, но често ни се јавуваат и поединечни лица и врз основа на тоа ние организираме обуки на барање на компаниите. По завршување на обуките компаниите имаат можност да ги вработат лицата кои ги посетувале“, потенцира Наташа Јаневска.

Претставници на невладиниот сектор изразија задоволство од заложбата за имплементација на реформите од страна на владата и стопанската комора а се во насока на поодбрување на можностите за работа на ромите. Сметаат дека ваквите саеми се значаен чекор  кој отвора нови перспекти за младите припадници на ромската заедница, потврдија дека до сега преку ваквите програми се вработени повеќе од 420 невработени роми.

Реклама

„Ромалитико за првпат организира ваков саем како уникатна можност да ја помогнеме вработливоста кај ромската заедница. Целта на настанот е ромската заедница денеска да има директни интервјуа со приватните компании со цел побрзо да се вработат“, изјави извршниот директор на Ромалитико, Елвис Шакири

Инаку, на саемот кој го организираа Стопанската Комора на Македонија и невладината Ромалитикум учествуваа 25 домашни компании и 130 невработени Роми кои разменија меѓусебни искуства и понуди кои се актуелни на пазарот на трудот.

Даниел Ѓорѓевски