Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Ристовски: Се грижиме за младите спортисти, продолжуваме со финансиската поддршка за нив

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денес присуствуваше на церемонијата на доделување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денес присуствуваше на церемонијата на доделување на стипендиите „Спортска надеж“.

Петстотини талентирани млади спортисти од колективните и индивидуалните спортови ќе добиваат стипендија во вредност од 20% од просечната плата исплатена во претходната година.

– Оваа финансиска помош сигурно ќе значи околу подобрување на барем еден дел од условите потребни за нивниот спортски развој. Ова е мал гест од министерството и Владата на Република Македонија. Со оваа манифестација даваме важност и на децата кои се корисници на стипендијата и на нивните родители кои се нивна поддршка. Ќе се потрудиме во иднина помошта да ја зголемиме. Со овој чекор покажуваме дека се грижиме за младите, за спортот во Македонија, за промовирање на вистински вредности.

Реклама

Предлогот за стипендистите – млади надежни спортисти, доаѓа од матичните федерации.

– Сакаме нашиот однос со федерациите да се заснова на доверба. Нивниот предлог ние го разгледуваме и прифаќаме. Сакаме нулта можност за корупција, потенцира Ристовски.

Стипендијата има важност една година.