Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Николоски: До март следната година ќе имаме комплетни проекти за сите косини на автопатот Охрид-Кичево

Еден од најголемите проблеми на автопатот Охрид – Кичево се косините на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еден од најголемите проблеми на автопатот Охрид – Кичево се косините на трасата бидејќи навреме не се испитувала геологијата на земјиштето. Но решение има и до март следната година ќе имаме комплетни технички решенија за сите косини по трасата на автопатот, потенцира вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето во поткастот “Бизнис муабети”.

-Не биле направени детални геолошки истражувања. Се однесува на сите претходни влади, кога почнале да работат требало да ги направат истражувањата. И тоа се однесува на секцијата од Врбјани до над Кичево, таа е планинска секција. Таму мислам дека се работело по логика. Секоја планина е најчесто карпа, а таму има комплетно друга геoлогија каде долниот дел е ровка земја, а горниот тврда земја. Затоа се случува косините да се спуштаат, една, две, три години да се стабилни и после три години да се спуштат. Но има и за тоа решение, науката отиде напред. До март месец ќе имаме комплетни проектни решенија за сите косини што се спуштаат по трасата. Најлесно е да го изградиме и да го пуштиме и после две, три години да се спуштат, па потоа пола траса да ја затвориме да чистиме итн. Мораме да имаме решенија кога ќе го пуштиме автопатот да биде целосно функционален. Јас кога станав министер ги собрав сите најголеми умови во Македонија во овој дел, заедно со меѓународни експерти, а помогнаа и Синохидро со свои експерти и решенијата се гледаат,  изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

-До почеток на летната сезона ќе пуштиме за сообраќај околу 40 километри од потегот од Врбјани до Охрид, а до крај на 2026 година како што ветивме ќе го изградиме целиот автопат, додаде министерот Николоски.