Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

ЕУ донираше шест екоавтобуси за Скопје

Иако владата за момент го реши проблемот со гориво во ЈСП, неизвесно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако владата за момент го реши проблемот со гориво во ЈСП, неизвесно е дали по потрошувањето на набавените 250.000 тони, навремено ќе бидат обезбедени нови. Градоначалничкатѕа на Скопје Данела Арсовска која денеска се појави во јавноста на настан на кој се пофали со донираните шест автобуси од ЕУ, сепак не прецизираше до каде е тендерската постапка. Топката ја префрли кон директорот на ЈСП, Драги Кушовски, кој подолго време не одговара на повиците на Алфа.

“Тоа прашање треба да го поставите на директорот на ЈСП” одговори Арсовска на новинарско прашање за набавка на гориво.

Хаосот во ЈСП кој е под директна надлежност на Град Скопје се смири дури по интервенција на Владата. Но градоначалничката Арсовска и натаму вината за проблемите ја префрла на друго место. Односно, не кај себе, туку кај ВМРО-ДПМНЕ и советот на Град Скопје кои не го поддржувале нејзиниот план за модернизација на ЈСП.

Реклама

“Она кое што се случува во Градот Скопје и во државата е во режија на политичките елити кои раководат со Македонија, и тие не му мислат добро ниту на градот, ниту на државата” изјави Арсовска.

Ставот на Арсовска дека за хаосот се виновни во ВМРО-ДПМНЕ е неиздржан, ако се има предвид фактот дека владејачката партија, а и премиертот Мицкоски од поодамна изјавуваа дека ќе ги поддржат сите програми во советот кои се во интерес на граѓаните. Позитивен одговор дадоа и од Бирото за јавни набавки од каде потврдија дека ќе одобрат регуларна тендерска постапка за набавка на гориво за автобусит на ЈСП кои имаат проблеми и со техничкото одржување.

Министерот за Животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска уште еднаш потврди дека покрај шесте автобуси, се подготвува и набавка на други 120 електрични автобуси за кои говореше и премиерот Мицковски.

“Целта на оваа влада е децентрализација. За тоа говорат и средствата коишто се издвоени. Оваа година 100 милиони евра за општините, наредната 250 милиони евра, затоа кога не можат општините тука е владата да излезе во пресрет” изјави Меџити.

Амасадорот на Европската Унија во Македонија Михалис Рокас ги поддржа реформите кои ги спроведува владата во насока на подобрување на условите во животната средина за кои велид ека биле во согласност со стандардите на Европската Унија.  

Даниел Ѓорѓевски,